Дневен хороскоп: Овенот едвај го чека викендот, Јарецот мрзлив

ОВЕН

Полека ги завршувате обврските за оваа недела, и се радувате на престојниот викенд. Сте испланирале викендот да го поминете со партнерот и однпред се радувате. Неопходно е да ја вратите кондицијата.

БИК

Уморни сте од премногу обврски. Се фокусирате на ситни обврски, за да немате впечаток дека многу работи сте направиле. На полето љубов статус „кво“ – ниту се огласувате, ниту другата страна. Грлото е чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Со нетрпение чекате работната недела да се заврши. Уморни сте од борба и потребен ви е одмор. Правите планови со партнерот за викенд. Главата е чувствителна.

РАК

Вредни сте и сакате што повеќе обврски да ги одработите до крајот на денов. Емотивно сте незадоволни и планирате викендот да го минете дома. Пробајте да го засилите имунитетот.

ЛАВ

Максимално сте фокусирани на обврските без разлика што е крај на работната недела. Размислувате дали да закажете средба со симпатијата или не, и сепак, се одлучувате за повик. Напнатоста попушта, ве стигнува замор.

ДЕВИЦА

Со нетрпение го чекате крајот на работното време. Уморни сте, незадоволни, и ви треба одмор. Избегнувајте разговор со партнерот и правдајте се со обврските на работа. Исцрпени сте, време е да се посветите на себе.

ВАГА

Упорно пробувате да ги одработите сите работи кои сте ги испланирале. Се радувате на плановите со вашиот партнер. Бидете внимателни во сообраќај, немојте брзо да возите.

ШКОРПИЈА

Едвај чекате да заврши неделата и да се најдете во мир во својот дом. Партнерот има потреба за караница, па ја избегнувате. Внимавајте на грлото, избегнувајте ладни напитоци.

СТРЕЛЕЦ

Иако е самиот крај на неделата, ја вложувате својата енергија максимално во работата. Партнерот предлага викендот да го минете заедно. Се чувствувате мрзеливо.

ЈАРЕЦ

Ги одгработувате обврските очекувајќи дека ќе се појават изненадувачки потешкотии. Во односот со партнерот доаѓа до заладување и оддалечување. Мрзеливи сте, но планирате да го унапредите физичкото здравје.

ВОДОЛИЈА

Со многу елан ја завршувате работната недела и посакувате идната да биде подобра. Планирате средба со партнерот за која не сте сигурни дали ќе ви годи. Нема значајни случувања.

РИБИ

Со иста енергија ги одработувате обврските во последниот работен ден. Емотивно сте незадоволни, затоа што не знаете како да го решите проблемот во врската. Проблеми со притисок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега