Дневен хороскоп: Еден знак ќе заплови во нова љубовна врска

ОВЕН

Очекувате многу од себе, но и од своите соработници. Работата ви е на прво место. Може да сметате дека вашиот партнер е неодлучен. Не ви се допаѓа слабоста која ја покажува кон вас. Водете сметка околу бубрезите.

БИК

Имате доста обврски, па не ви е лесно да најдете малку слободно време. Денеска работата ве оптоварува.Имате силни емоции кон саканата личност, и подготвени сте тоа да и го покажете.Пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува ден кој носи доста дилеми. На работното поле некако ви недостасува сигурност. Вашиот однос со партнерот може полека да тргне на подобро. Проверете ја својата диоптрија.

РАК

Ве очекува добар ден во текот на кој многу лесно ќе успеете да ги завршите сите работи кои ги имате во план. Ако сте во брак, со саканата личност ќе имате караници и препукувања во текот на денот. Внимавајте на стомакот.

ЛАВ

Засега е најдобро да не превземате значајни чекори на полето работа. Не е време за големи промени. Саканата личност отворено ви ги покажува своите чувства и убаво ви е кога сте заедно. Внесувајте повеќе витамини.

ДЕВИЦА

Потребен ви е нечиј совет за да успеете на работното поле да остварите позитивни поместувања и промени. Пред вас е ново познанство кое на некој начин ќе ви го промени животот. Хронични тегоби.

ВАГА

Вие можете да постигнете голем успех на ова поле. Важно е само да верувате во себе. Саканата личнсот сака да поминува време повеќе крај вас. Поразговарајте на темата заеднички живот. Внимавајте на алергии.

ШКОРПИЈА

Моментално сте во фаза на стагнација, а тоа не ви одговара. Длабото во себе сакате промени.Размислувате за поранешната љубов. Личноста која во минатото сте ја сакале, би можела да се врати. Проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Водете сметка околу плановите кои ги правите на љубовното поле. Можно е некои работи да не можете лесно да ги остварите. Поволен ден за љубовни промени или за почеток на нова врска. Проблеми со несоница.

ЈАРЕЦ

Очекувајте дека на работното поле ќе го потврдите својот статус и позиција. Луѓето околу вас ве почитуваат. Личноста во која сте вљубени, ќе покаже дека не е рамнодушна кон вас. Мали проблеми со хормоните.

ВОДОЛИЈА

Денеска ве очекуваат важни пресврти и промени кога е во прашање работата. Бидете подготовени да се прилагодувате. Може да очекувате помирување со саканата личност како и подобрување на односите. Болки во грбот.

РИБИ

Може да се надевате на почнување на нови работни преговори кои за вас ќе бидат многу значајни. Ви се допаѓа личност која покажува дека не е подготовена за нешто сосема сериозно со вас. Проверете го шеќерот во крвта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега