ДКСК: Пратениците за пет години потрошиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци

Анализа на патните патните трошоци на пратениците за периодот 2015-2019 година денеска беше на дневен ред денеска на 27. седница на Државната комисија за спречување корупција.

Според извештаите, вкупниот износ на пратениците за патни трошоци изнесува речиси 3 милиони евра во последните 5 години, а исто така покажал и дека 23 пратеници иако имале сопствен стан сепак користеле патни трошосци.

"Според закон пратениците имаат право на користење на бесплатен превоз со воз, но оваа можност не ја користи ниту еден пратеник" посочи Катица Николовска, член на ДКСК.

Комисијата предложи да се работа на реглирање и намалување на сретствата за оваа намена.

Втора точка на дневен ред на седницата е постапување по конкретни предмети.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега