ДКСК ќе расправа за прогласување податоци за службена тајна

 

Годишниот финансиски извештај за 2018 година и годишниот план за јавни набавки за 2019 година, се на дневниот ред на денешната 17-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Антикорупциска, како што е најавено, на седницата покрај расправата по предмети од областа за спречување корупција и за можен судир на интереси, ќе расправа и за одлука за прогласување на податоци за службена тајна-доверливи податоци.

Членовите на ДКСК ќе го разгледуваат и известувањето за реализација на националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава 2019-2022. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега