Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава.
На прес-конференцијата ќе бидат претставени резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање, како и клучните заклучоци од тркалезните маси одржани со претставници на институциите, локалната самоуправа, бизнис-секторот и граѓанските организации.
Во фокусот ќе биде и значењето на транспарентното и регулирано лобирање за зајакнување на интегритетот, отчетноста и довербата во процесите на донесување одлуки.
На настанот е предвидено обраќање на претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.


