Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, денеска ја критикуваше Резолуцијата на владејачката коалиција за осуда на манипулациите на опозицијата, барајќи таа, заедно со точката за продолжување на кризната состојба поради мигрантската криза, да се симне од дневен ред.

Џафери ја отфрли содржината на Резолуцијата како „цензура“, алудирајќи на тоталитарен систем:

„Со точка еден се осудува лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициските политички партии. Вие оценивте дека опозицијата се што ќе каже лаже и прави манипулации, тоа е цензура. Да ви ја честитам новата 1949“, му се обрати Џафери на собранискиот спикер Африм Гаши.

Пратеникот, исто така, го доведе во прашање барањето за продолжување на кризната состојба 14 години по ред, прашувајќи зошто е тоа потребно, особено ако Резолуцијата потврдува дека „ниту било побарано, ниту е договорено, нути ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови“.

Exit mobile version