Директорот на ЗОО Скопје: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

Новиот директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски, реагираше на соопштението на СДСМ.

„Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа.
 
Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.
 
Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени“, вели во својот демант.
06.08.2022 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа