Директорот на СЗО: Oд досега употребените вакцини, само 0,3 отсто се во сиромашните земји

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека вакцините против Ковид-19 сè уште се недостапни за сиромашните земји.

„Ројтерс“ пренесува дека во денешното соопштение по повод првата годишнина од воспоставувањето на глобалниот систем „Ковакс“, Тедрос истакнал дека досега се искористени речиси 900 милиони дози вакцини ширум светот, но дека над 81% отишле во богатите земји, додека земјите со низок стандард добиле само 0,3 проценти од таа количина.

Директорот на СЗО постојано ги осудува нееднаквостите во дистрибуцијата на вакцините и ги повикува побогатите земји да ги споделат вишокот дози што ги имаат за да помогнат во имунизацијата на здравствените работници од сиромашните земји.

Повеќе од три милиони луѓе починаа во пандемијата, а „Ковакс“, кој досега испорача 40,5 милиони дози во 118 земји, има за цел да обезбеди две милијарди дози до крајот на годината.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа