Директорот на старата Градска болница: Немаше никаков инцидент, двете лица беа донесени повредени

 

Во болница немаше никаков инцидент, ниту пукање, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков.

„Немаше никаков инцидент, двете лица беа донесени повредени. Едниот беше со прострелна рана во пределот на стомакот и на него во моментов се изведува операција. Второто лице беше со повреда во пределот на лицето и тоа е препратено на Клиниката за максилофацијална хирургија“, вели директорот Арсенков.

Првичната информација беше дека пукотниците биле кај Градската болница, но потоа МВР излезе со детали и соопшти дека две лица со повреди биле донесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

„Денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега