Директорот на Модерна: „За една година - крај“

Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, смета дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши за една година, со оглед на тоа дека зголеменото производство вакцини обезбедува глобални залихи, изјавил за швајцарскиот весник „Neue Zürcher Zeitung“.

„Ако го погледнете ширењето на производните капацитети во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година би требало да бидат достапни доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Исто така, бустерите би требало да бидат можни до потребните мерки“ изјавил тој во интервјуто.

Вакцинацијата наскоро ќе биде можна дури и за новороденчиња, додаде Бансел.

„За една година од денеска“

„Оние кои не се вакцинираат, природно ќе се имунизираат бидејќи делта сојот е многу заразен. Во овој случај, ќе завршиме со ситуација слична на ситуацијата со грипот. Или може да се вакцинирате и да имате добра зима или да не се вакцинирате и да ризикувате да се разболите и можеби да завршите во болница“, вели директорот.

 

На прашањето дали тоа значи враќање во нормала во втората половина од годината, Бансел одговорил:

„За една година од денеска, претпоставувам“.

Бансел вели дека очекува владите да одобрат бустер вакцини за луѓето кои се веќе вакцинирани, бидејќи на ризичните пациенти кои биле вакцинирани минатата зима несомнено им треба „освежување“ на имунизацијата.

Нивната бустер вакцина e половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе ги има повеќе.

 

„Волуменот на вакцината е најголемиот фактор на ограничување. Со половина доза, ќе имаме 3 милијарди дози достапни ширум светот за следната година, наместо само 2 милијарди“.

23.09.2021 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега