Директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка ја злоупотребил службената должност

 

Надворешната канцеларија за криминалистички истраги Крива Паланка поднесе кривична пријава против 60-годишниот Р.М. од Крива Паланка за  сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Во текот на 2013  и 2015 година пријавениот, како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и ТВ приемници, при што истите не ги евидентирал во книговодствената евиденција на ЈЗУ, ниту ги доделил на вработените во ЈЗУ. Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број регистриран на претплатник на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари.

Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, Буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ во вкупен износ од 809.607 денари.

 

 

 

 

17.05.2018 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега