Директорот на ЈСП: Не тепаат контролорите, тие се истепани

Се создава слика дека контролорите тепаат патници, а всушност е обратно, нашите вработени се тепани, вели директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков по обвиненијата, јавува Сакамдакажам.мк.

- „Генерално, излегува дека контролорите ги тепаат патниците, а не обратно. Согласно правилникот за работа контролорите не смеат да употребат сила, единствено во случај на самоодбрана, што е и логично. Кажете ми кој е тој што ќе седи мирен ако некој му се нафрли со тупаница. Апелираме на уредна валидација и да не се злоупотреба на картичката ‚Скопска‘, а чести се и такви ситуации. Има патници кои наводно по грешка се возат со персонализирана ‚Скопска‘ од туѓо лице. Снаа се вози со картичка од свекрва, студентите си ги позајмуваат картите со колеги“, вели Чушков за СДК.МК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега