Директорот на Институтот за земјотресно инженерство откри дали се очекуваат афтершокови после земјотресот

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот најсилно бил почувствуван од граѓаните во Скопје со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот беше почувствуван во 14:09 часот, а по него следуваше уште еден со послаб интензитет. Според информациите на Европскиот макросеизмички центар, епицентарот на земјотресот бил на девет километри источно од Скопје. 

 и климатски промени, Михаил Гаревски кој секогаш е достапен за коментар за речиси секој земјотрес, во изјава за Фокус вели дека иако е тешко да се прогнозираат земјотресите, сепак вели дека не треба да очекуваат афтершокови по попладневниот земјотрес со епицентар, на осум километри од Скопје.

-Најчесто никој не ги прогнозира земјотреси, но јас сметам дека не треба да се очекуваат афтершокови бидејќи земјотресот беше многу слаб, вели Гаревски.

Тој не очекува ниту посилен земјотрес како оној што се случи во Скопје во 2016 година со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега