Директорот на Дрисла: Печката за согорување медицински отпад не загадува

 

Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов, тврди дека печката за согорување медицински отпад, донација на Велика Британија, не загадува.

За разлика од неговиот став, британски „Гардијан“ уште во 2001-ва година предупреди дека, Обединетото Кралство и подарила на Македонија токсична печка која уште пред 17 години не ги исполнувала стандардите на островот.

По инспекцијата во Дрисла, депонијата беше казнета со осум и пол илјади евра поради неисполнување на еколошките стандарди.

Ангелов најави дека депонијата ќе набави нова печка за согорување на медицински отпад, кој ќе ги исполнува еколошките стандарди.

Дрисла годишно согорува помеѓу 500 и 700 тони, медицински отпад, а уништувањето еден килограм чини 56 денари.

 

 

 

11.01.2018 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа