Директорката на КАРИЛ откри каква е состојбата на прегазениот д-р Јота: Повеќе не е на респираторна машина

Докторот Ѓорѓи Јота, кој беше прегазен од автомобил управуван од малолетник е жив и неговата состојба е подобрена, потврди за МКД.мк директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, д-р. Маја Мојсова.

Таа за МКД.мк кажа дека состојбата на д-р Јота е подобрена, но се упте е сериозна и тој продолжува со лекување. Докторката апелираше да не се шират лажни вести поврзани со неговата здравствена состојба, бидејќи утрово еден медиум објави информација дека доктор Јота починал. 

„Состојбата на д-р. Јота е подобрена и тој веќе не е на респираторна машина. Рано е да кажеме било што бидејќи се уште состојбата е сериозна. Лекувањето продлжува и будно и постојано ја следиме неговата состојба“, ни изјави директорката на КАРИЛ, д-р. Мојсова. 

Судија определи куќен притвор и одземање на пасошот за 16-годишникот кој управувајќи возило без возачка дозвола го прегази хирургот.

„Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза" во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко" не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин“ информира од Обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега