Директор на училиште во Македонска Каменица вршел набавки без тендер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 пријавениот, како директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа, тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега