Директор на болницата во Неа Мудања: Ова е првпат во мојата 25-годишна кариера да доживеам вакво нешто

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинале а стотина се повредени во снежно невреме кое го погоди популарниот грчки полуостров Халкидики.

Според првичните податоци, загинати се дете и осумгодишно момче, постари туристи од Чешка, маж и дете од Русија, а и еден грчки рибар.

 

– Ова е прв пат во мојата 25-годишна кариера да доживеам вакво нешто – рекол за грчка телевизија Атансиос Калцас, директор на здравствениот центар Неа Мудања, каде се сместени многу од повредените.

Згрижените пациенти имаат од осум месеци до 70 години. Некои имаат повреди на главата од паѓање на дрвја или други предмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега