Стејт департментот на САД повлече радикален потег воведувајќи забрана за влез на пет истакнати европски фигури, обвинувајќи ги за „цензура на американските ставови“ на дигиталните платформи. На врвот на црната листа е поранешниот еврокомесар Тиери Бретон, архитектот на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој американската администрација го гледа како напад врз слободата на говорот.

Бретон не остана должен и остриот потег на Вашингтон го спореди со ерата на Мекартизмот и ловот на комунисти во САД. „До нашите американски пријатели: Цензурата не е таму каде што мислите дека е“, порача Бретон на платформата X, додека француската влада застана зад него, осудувајќи ја одлуката како напад врз европскиот суверенитет.

Exit mobile version