Димовски: Знаете дека родилка остана без три органи, знаете ли дека сме под дното

Знаете дека родилка остана без три органи?
Одговори ли некој на тврдењето дека операција ја правел син на докторот што требало да ја прави, запраша поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил.
„Знаете дека Министерство за здравство ќути за скандалот?
Знаете дека никој не побарал одговорност, сеуште?
Знаете дека сите оние гласни НВО молчат?
ХЕРА?
Хелсиншки?
Борка?
Сојуз на жени?
Знаете дека струшкото обвинителство се занимава со карневалот во Вевчани, а не со овој скандал?
Знаете дека ова се случило во август, а до сега се крие од јавност?
Знаете дека не може да се најде доволно текстови на медиуми за овој случај“, напиша Димовски.
Знаете дека сме под дното?

Телевизија Сител објави трогателно сведоштво на родилката која останала без неколку органи по породувањето во Струга.

Жената била бремена со второ дете и бременоста ја следела кај докторот, гинеколог Мухамед Асани во негова приватна ординација во Струга, која се наоѓа во неговата приватна куќа. Едновремено, освен што врши приватна гинеколошка пракса, Мухамед Асани е директор и гинеколог во струшката болница.

По породувањето родилката чувствува големи болки и има крварење кое не запирало.

Погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега