Димовски: Живееме од заеми - ваков ритам ќе нè донесе до банкрот

Илија Димовски, поранешен пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објавив статус на Фејсбук во кој посочи дека долгот на Македонија постојано се зголемува.
 
„Живееме од заеми !!!
Државата забрзано оди кон должничка спирала... (не сме ни свесни)
Гледајте бројки и расудувајте сами...
на 30.06.2017 Република Македонија должела
4,708 милијарди евра
на 30.09. 2022 Република Македонија должи
7,644 милјарди евра
за 5 години и 3 месеци државата се задолжила за нови
2,936 милјарди евра
....
Само за споредба:
долгот на Република Македонија за време од
11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ
се зголемил за 2,736 милјарди евра или
248 милиони евра годишно
долгот на Република Македонија за време од
5 години и 3 месеци владеење на СДСМ
се зголемил за 2,936 милјарди евра или
559 милиони евра годишно
задолжувањето на Република Македонија
за време на владеење на СДСМ е
2,25 пати поголемо на годишно ниво
споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ
....
Ова е неиздржливо за македонската економија.
Капитални расходи нема како што имаше.
Растот на БДП е драстично помал сега во споредба со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Странски директни инвестиции се права реткост.
Плаќаме најскапа електрична енергија, и граѓаните и стопанството.
Ваков ритам на задолжување ќе не доведе во ситуација еден ден да прогласиме банкрот, или да бркаме илјадници луѓе од работа, или да намалуваме пензии, или да покачуваме даноци, или....
На Владата треба да и се застане против силно, храбро, креативно и со аргументи...
П.С. Овие пари не ги задолжуваме од странски банки, ги позајмуваме од нашите деца и внуци...
П.С.С. Опасно е што капиталните трошоци се реализираат на историско најниско ниво, ништо не се гради, не се создава потенцијал за нов развој...“, пишува Димовски.

24.11.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега