Димовски: Вчера во пет до 12 нè убедуваа дека не е време за штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе на протест и побара линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, а за тоа зборуваше претседателот на ССМ, Дарко Димовски во „Утрински брифинг“.

 

„Ние ѝ подадовме рака на Владата за тоа дека правилото ќе се применува од 1 јули, но потоа исчезнаа. Вчера нè убедуваа дека не е време за штрајк. Ние имаме реални потребни, инфлацијата е двоцифрена, струјата е поскапа, сè е поскапено. Штрајкот е последица и по работниците и по работодавачите и по Владата“, кажа Димовски.

Членовите на ССМ бараат линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за  регрес на годишен одмор од 2023 година.

22.06.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега