Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници.
-Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден. Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности. Во овие празнични денови Вашето Блаженство го препознаваме како наш духовен татко и пастир кој не води кон Христовиот пат и со посебна почит се осврнуваме на улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како вековен стожер на македонскиот идентитет и духовен патоказ на нашиот народ, се наведува во честитката.
Воедно, се додава, ние остануваме посветени на градењето на праведно општество засновано на солидарност, меѓусебна почит и единство.
-Веруваме дека само преку заедништво и силна верба во општото добро, можеме да обезбедиме просперитет и стабилност за нашата Татковина. Воскреснатиот Господ Исус Христос нека Ви подари духовни и телесни сили за понатамошно успешно водење на македонскиот православен народ. Се молиме Вашиот архипастирски благослов секогаш да не следи, поттикнувајќи не на мир, братољубие и единство, а Вашите молитви и благослови нека бидат наша заштита. Радосната вест за Христовото Воскресение нека донесе мир, љубов и благосостојба во секој дом и кај сите кротки верници на нашата Света Црква. Христос Воскресна! На многу лета, Владико свет!, стои во честитката од претседателот на СПМ Димовски.


