Димовски: Нема што да се дебатира за онлајн седници, Уставот е јасен
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека воопшто нема потреба да се дискутира за онлајн седници на Собранието, бидејќи како што вели, Уставот е јасен.
Собранието нема никакви ингеренции да носи рестриктивни мерки, вели Димовски, коишто се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните, а којшто не ги оспоруваат нивните со Устав загарантирани слободи.
Опозицијата има одговорност пред граѓаните во секој случај, вели Димовски, но власта треба да обезбеди функионалност на институциите, и тоа треба да го стори некогаш и по цена на гордоста дека е власт.
-Нема што да се дебатира за онлајн седници. Уставот е јасен. Кој пратеник ќе седне да дискутира за онлајн седници тој не го прочитал Уставот. Гледам и по телевизии се водат дебати за тоа, но нема што да зборуваме за тоа, смета Димовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа