Димовски: Нема обнова на возниот парк во железницата, нема железничко поврзување на Аеродромот со Скопје

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски испрати жестоки критики на адреса на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој според него премалку има сработено од областа на инфраструктурата, иако програмата на СДСМ пред избори беше преполна со ветувања.

-Оваа тема е многу слична со претходната, зборуваме за инфраструктура. Јас вчера кажав дека малку ми е непријатно да зборам со господинот Сугаревски за инфраструктура бидејќи ништо не е направено ама мораме да ги разгледаме работите за да констатираме што е направено. Системот на демократија и на изборно претставување подразбира покрај личниот кредибилет на луѓето и ветување што ќе се направи тоа едното со другото е во корелација. СДСМ на избори излезе со своја програма меѓу другото и за железничкиот сообраќај, ја има објавено на интернет, граѓаните може да ја видат, но и Владата на Република Македонија во која Горан Сугаревски беше избран за министер исто така имаше сегмент за железница, врз база на тие ветувања СДСМ доби одреден број на гласови, не победи, но врз база на некоја пост изборна манипулација во Собранието успеа да се дочепа на власт како секогаш изминативе години, вели Димовски.

СДСМ на избори пред три години вети повеќе работи во сегментот на железницата, ветија елекртификација на пругата Скопје-Кичево, оваа пруга не само што не е елктрифицирана туку две години на неа се одвиваше сообраќај,  ветија приградски патнички сообраќај во Скопје, ветија соларни железнички станици, брза пруга Табановце-Гевгелија, реконструкција Прилеп Битола, сето ова е ветено, а нереализрано, нема обнова на возниот парк во железницата, нема железничко поврзување на Аеродромот Скопје со Скопје, истакна Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега