Димовски: Македонија со СДС стана енормно задолжена држава и поле во кое што царува криминал

„Македонија со оваа власт стана поле во кое што царува криминал. Огромни финансиски средства на дневна основа се распределуваат и одат во приватни џебови. Сите тие пари кои што се украдени од државниот буџет значи народните пари повторно народот треба да ги плати и тоа за жал дупло ги плаќа. Не случајно =една ваква влада во вакви услови без никаков проблем дефинира буџет од 5.3 милијарди евра или пак поточно 5 милијарди и 280 милиони евра“, истакна Љупчо Димовски, претседател на СПМ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека власта планира дополнително државата да ја задолжува.

„Македонија е енормно задолжена држава, над 65%. Ќе дојде време кога ќе бидеме ставени под знак на прашање дали ќе бидеме воопшто во можност да го вршиме сервисирањето на отплатата, на враќањето на доспеаните обврски кои што ги имаме по основ на преземени кредити“, нагласи тој.

Тој дури во текот на емисијата нагласи дека стопанството веќе е на колена поради негрижата на власта и задоцнетите мерки.

„На стопанството се потребни соодветни мерки од тип да биде ослободено од некои даноци, за да има стабилност на пазарот и да нема отпуштање на работници. Но, врз основа на проектираниот буџет се наметнуваат енормни даноци“, рече Димовски.

Димовски посочи дека единствена можност за да се спречи ова лудило во кое што се наоѓа државата и да се закочи очигледната пропаст на стопанството и на економијата се само предвремени парламентарни избори.

30.11.2022 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега