Димовски: Македонија е на дното на странски директни инвестиции во однос со земјите од регионот

 

Согласно последниот глобален извештај на Светска банка за конкурентност во инвестициите, може да се утврди дека секоја странска компанија во фаза кога одлучува каде ќе инвестира разгледува неколку фактори, меѓу кои се владеењето на правото во една држава, политичката стабилност и квалитетната инфраструктура, вели Гоце Димовски, претседател на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на денешната дебата „Важно е Македонија да има современа инфраструктура“ која се одржа во општина Градско во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Димовски посочи дека за раст и развој на економијата на една држава значајна улога игра современата модерна патна и железничка инфраструктура.

Многу истражувања, списанија и познати професори укажуваат дека современа модерна патна и железничка инфраструктура и тоа како се потребни за раст и развој на економијата на една држава.  Главниот заклучок во однос на инфраструктурата е дека со потпросечна инфраструктура не можеме да очекуваме дека би била ниво тоа што треба да привлечеме доволно странски директни инвестиции. рече тој.

На прашањето зошто Македонија има се помалку инвестиции од овој тип, Димовски нагласи дека за разлика од претходно кога земјите од регионот барале помош од владата на ВМРО-ДПМНЕ за помош при привлекување на странски директни инвестиции, сега во владеење на СДС, Македонија е на дното во однос на привлекување на странски директни инвестиции.

Македонија е на дното во однос на странски директни инвестиции и ова не дека ние го кажуваме од ВМРО-ДПМНЕ, ова се релевантни факти и аргументи од меѓународни институции. Врз основа на тие податоци направив одредени анализи до каде сме и што сме во однос на странски директни инвестиции за последните неколку години. И морам да кажам ако пред 8 години бевме респектирани од страна на сите соседи во однос на тоа каква стратегија, каков концепт имавме за привлекување на странски директни инвестиции, една соседна држава ја има побарано стратегијата и помош во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како таа да постапи со привлекување на директните странски инвестиции, истакна тој и рече дека Србија сега има прилив на странски директни инвестиции за разлика од Македонија.

Србија во 2018 година има прилив на странски директни инвестиции по глава на жител од 483 долари, во 2019 година од 501 долар, во 2020 428 долари, од 2021 година од 568 долари по глава на жител и во 2022 година од 615 долари по глава на жител. И на крај доаѓа Македонија 2018 година 343 долари прилив на странски директни инвестиции по глава на жител, во 2019 година  211 долари по глава на жител и тука сме на дното. Во 2020 само 109 долари по глава на жител прилив на странски директни инвестиции, и тука сме на дното. Во 2021 265 долари, и во 2022 година 379 долари по глава на жител прилив на странски директни инвестиции. Споменато со останатите земји, пак сме на дното, изјави тој.

Димовски потенцираше дека Македонија повторно е на дното на прилив на странски директни инвестиции од бруто домашен производ во однос на земји од регионот.

Албанија има 6,7 проценти од БДП како странски директни инвестиции за 2020 година, во 2021 година 6,5 проценти, а во 2022 година 6,7 проценти од БДП. Косово во 2020 година 4,2 проценти од БДП, во 2021 година 4 проценти, и во 2022 година 6,7 проценти прилив на странски директни инвестиции како процент од БДП. Црна Гора во 2020 година 11,2 проценти, во 2021 година 11,7 проценти, во 2022 година 13,2 проценти прилив на странски директни инвестиции. Србија во 2020 година 6,3 проценти од БДП, 2021 година 6,9 и 2022 6,2 проценти прилив на странски директни инвестиции од БДП. И  на крај, Македонија 2020 1,4 проценти од БДП како прилив на странски директни инвестиции, 2021 година 3,1 проценти, и 2022 година 5,2 проценти од прилив на странски директни инвестиции од БДП што и во 2022 година сме на дното. За жал се случува тоа што се случува и ова е резултат на нивните погрешни економски политики, заклучи Димовски.
22.11.2023 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега