Димовски: Господо од власта, работа не значи отстапување од националните симболи, име и идентитет

„Се ќе беше поедноставно, ако:
1. Не сте ја одбиле поканата за ЕЕЗ (Евопска Економска Зона);
2. Кога веќе сте ја одбиле, да признаевте грешка и веднаш, пред неколку месеци, да сторевте активности кои се неопходни и кои ви беа предложени.
Вака, ви требаше неколку месеци да признаете дека сепак патеката кон Европа ќе мора да ја гледате и низ призмата на секојдневните интереси на нашите граѓани (економски, образовни, социјални, културни, транспортни,...) повеќе и пред вашите политички теории и интереси на тесната политичка елита околу вас“, напиша поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил во опис на фотографии од изјави на претседателот Стево Пендаровски.
„Значи, господа од власта:
- кусогледи сте;
- од политика разбирате само агресивност, прогон и навредеи кон политичките конкуренти;
- ги промашивте сите стратешки интереси;
- ги потрошивте сите национали вредности;
- мислејќи дека ги решавате проблемите со соседите, создадовте нови, многу поголеми...
Никој за ништо нема да ви гарантира, ако сами не го одработите, а работа не значи отстапување од националните симболи, име и идентитет“, додаде Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега