Димовски: До 17 август историската комисија има обврска да објави што договорила со бугарија

Илија Димовски на неговиот профил на Фејсбук објави дека комисијата има обврска да објави што договорила со Бугарија до 17 август.

До 17 август Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања (историска комисија) со Бугарија има обврска да објави што договорила со Бугарија.

Во целиот Протокол има рокови (иако велеа дека нема).

Со потпишувањето на Протоколот врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Република Македонија превзема пред Бугарија (а за жал и пред Европската Унија) низа од обврски кои се неразумни и се надвор од досегашната пракса на зачленување на членки во ЕУ, но и излегуваат надвор од договорот во поглед на содржина, цели, рокови и материја.

Живо сум заинтересирам како со политички назначена комисија ќе ни се адаптира, подесува и менува историската вистина која сме ја учеле со генерации наназад. Но и, како ставот на политички назначената комисија ќе биде обид за рушење на илјадниците томови стручни изданија, симпозиуми и книги кои нашата и светската наука ги твореше во минатите повеќе од 7 декади.

Сликата подолу е извадок од Протоколот“, напиша Димовски на неговиот профил.

14.08.2022 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега