Димовски: Блерим Беџети кажа за порачка од Заев за смена во судството, таа се случи еден месец потоа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24 изјави дека СДСМ со преземањето на власта и со формирањето на СЈО, јавнообвинителската служба ја има како политичка алатка за остварување на политички цели.

- Се мешате во судскиот и обвинителскиот систем. Блерим Беџети јавно кажа дека премиерот Заев му се јавувал да се изврши влијание за смена на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, месец дена потоа – Вангеловски е сменет. Ако тоа не е директно мешање, што е? – праша Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во анализа на 24 вести.

Димовски вели дека СДСМ со преземањето на власта и со формирањето на СЈО, јавнообвинителската служба ја има како политичка алатка за остварување на политички цели.

Димовски потенцираше дека СДСМ ја користи комплетно јавнообвинителската служба во Република Македонија и онаа во СЈО и онаа во ЈО, и по традиција е навикната секогаш да ја користи за себе и во своја корист, притоа уценувајќи пратеници и градоначалници на опозицијата, додека тие од СДСМ слободно си прават што сакаат.

 

- Градоначалник од СДСМ претепува граѓанин му се заканува го уценува и нема никаква активност. Поминаа повеќе месеци, никаква активност од јавното обвинителство. Тој градоначалник се уште е дел од СДСМ, доаѓа на состаноци на Централен одбор, нема никакви политички последици од страна на СДСМ, да не зборуваме за последици од јавнообвинителската дејност, истакна Димовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега