Даме Димитровски, носител на советничка листа на кандидати за советници во  Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во Бутел се осврна на проблемите со кои живеат Скопјани посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат план имаат решенија.

„Имаме план, имаме девет темелни политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија. Тоа се  чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и најважно чесно управување“, рече Димитровски.

Димитровски укажа дека ова не е само план, само зборови, ќе има конкретни активности за подобро Скопје, а не како до сега.

„Ова се наши работни задачи, ова е нешто конкретно што ќе направиме за вас, за подобро утре“, кажа Димитровски.

Димитровски на крајот на обраќањето ги повика жителите на Бутел, и воопшто граѓаните на Скопје на 19 да гласаат за број 9, за подобро утре.

Exit mobile version