Димитровски: Не сум му платил рекет на Боки 13, не можам да видам 5.000 евра кеш, не па 500.000

Поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата „Европа 92” Ратко Димитровски, во изјава за „Лидер” демантира дека на  на Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева им платил рекет од 500.000 евра.

-Никој ниту ми се јавувал, ниту сум се видел со Боки 13, ниту од мене барал нешто такво. Ниту пак сакам да се видам со таков човек. Мојата компанија нема ни маркетинг во 1 ТВ, никаква соработка не сме имале, така што ова е дезинформација. 500.000 евра се огромна сума за мене. Не можам да видам 5.000 евра во кеш, не па толку – изјавил Димитриовски за „Лидер“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега