Димитров: Замрзнување на цените е одржливо на краток период, а ако трае подолго, ќе има последици
Ангел Димитров од Организацијата за работодавачи гостуваше во емисијата „24 анализа“ на „ТВ24“ кажа дека замрзнување на цените не е решение за долг период.
Димитров смета дека замрзнувањето на цените како мерка е одржлива само на краток период, а ако трае подолго, ќе има последици.
„Ќе нема производи во маркетите, а се очекуваат големи загуби и големи задолжувања за струјата од страна на државата. Домаќинствата плаќаат само 20 отсто од реалната цена, ние учествуваме во субвенционирање на струјата и во долговите на идните генерации“, кажа Димитров во гостувањето на „ТВ 24“.
30.05.2022 - 21:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа