Димитров во посета на Чешка

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Прага, Република Чешка, каде што ќе има средби со неговиот  домаќин шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек, со претседателот на Долниот дом на Парламентот Радек Вондрачек и со државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова.

Димитров во Прага ќе учествува и на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и државите од Западен Балкан – WB6, на кој ќе се дискутира за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси на регионот.

Шефот на дипломатијата ќе учествува и на панел дискусија во Институтот за Европска политика – ЕУРОПЕУМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега