Димитров во дводневна посета на Романија

На покана на министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, министерот за надворешни работи Никола Димитров на 21 и 22 мај 2019 година, ќе престојува во официјална посета на Романија.

Покрај средбата со својот хомолог, Димитров ќе се сретне и со министерот за европски прашања, Џорџ Чамба, како и со потпретседателот на Долниот дом на романскиот парламент, Кармен-Илеана Михалческу. Исто така, во рамки на посетата на Букурешт, Димитров ќе одржи предавање во Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација, на темa „Политичката транзиција во Северна Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ“.

Официјалната посета на Димитров на Романија се случува за време на романското претседавање со Советот на ЕУ што претставува своевидно реафирмирање на романската поддршка за членството на нашата држава во Европската Унија. Романија беше меѓу првите НАТО-членки кои го ратификуваа Пристапниот протокол за членство во Алијансата.

За време на посетата, министрите Димитров и Мелешкану ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Романија во областа на европските интеграции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега