Димитров: Tешко e да се постигне разбирање за Гоце Делчев

Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим во заедничката Мешовита комисија за историјата изрази разочарување по дводневната средба со македонските колеги од Мешовитата комисија, пренесе БГНЕС.

– Досега бев убеден дека, и покрај сериозните проблеми, и покрај темелните разлики што постојат меѓу нас и нашите колеги од Скопје, ние сме Мешовита комисија за историски и образовни прашања, но од денешниот 14-ти состанок, почнувам да се прашувам дали навистина е така. Вчера, нашите колеги категорично одбија да водат некој конкретен разговор на одредена историска тема, нешто што е  неизбежно за професионалните историчари – изјавил тој по средбата.

Димитров оценил дека е тешко да се постигне разбирање за Гоце Делчев, рекол дека летово Мешовитата комисија за историски прашања нема да има нов состанок и следната средба ја најавил за октомври.

11.06.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега