Димитров со сочувство за жртвите во Грција: Ние ќе помогнеме за се

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.

 

Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, наведува шефот на дипломатијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега