Димитров се сретна со новиот бугарски Амбасадор во Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, кој му ги предаде копиите од акредитивните писма.

Покрај протоколарниот дел, информираат од МНР, на средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување. Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за  пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.

 

Соговорниците ја реафирмира посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.

Министерот Димитров, на амбасадорот Ангелов му посака срдечно добредојде и успех во неговиот дипломатски ангажман во насока на понатамошен развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега