Димитров се сретна со Холтхоф Пфортнер, министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија др. Стефан Холтхоф Пфортнер, кој беше во посета на Македонија. На средбата се разменети мислења за европските интеграции на Северна Македонија, осврнувајќи се на разочараноста од исходот на октомврискиот Европски самит и решеноста за конструктивно дејствување со фокус на иднината, соопшти МНР.

Димитров го информираше Холтхоф Пфортнер за постигнатите резултати во клучните реформски области и следните чекори на планот на европската агенда на земјата. На средбата се разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка со оваа германска покраина, за што беа разменети и конкретни иницијативи во оваа насока.

Министерот Холтхоф Пфортнер ја нагласи целта на својата денешна посета на земјава – заедничко утврдување на конкретни мерки за поддршка на планот на билатералната соработка, како и на планот на нашите ЕУ аспирации, оценувајќи ги истите како заеднички интерес и на самата ЕУ.

Посетата на министерот Стефан Холтхоф Пфортнер претставува дополнителна потврда за германското пријателство и поддршка на европската перспектива на нашата земја, наведуваат од МНР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега