Димитров се сретна со Хан, Дендиас и Бартоло: На политиката на проширување и треба еден нов мотор

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари билатерални средби со Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација, со грчкиот МНР Никос Дендиас, како и со МНР на Малта, Еварист Бартоло.

Во фокусот на разговорот со еврокомесарот Хан беше буџетот на ЕУ и преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка, со акцент на зголемување на европските фондови за земјите од регионот на Западен Балкан.

Имав и добра средба со комесарот Хан, кој што сега е надлежен за буџетот на ЕУ, во центарот е на преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка. Тој најави дека планира да се зголемат европските фондови за нашиот регион, истакна Димитров. 

На средбата со грчкиот министер Дендиас се разговараше за поддршката која Грција ја дава во постигнување на нашата цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, како и за запазување на континуитетот во имплементирањето на обврските од Преспанскиот договор од двете страни.

 Имав и пријателска, добра средба со грчкиот колега Никос Дендиас. Разговаравме за поддршката на Грција за да отпочнеме конечно пристапни преговори со ЕУ. Разговаравме за имплементацијата од двете страни на Договорот од Преспа, истакна Димитров.

Средбата со Еварист Бартоло е нивна прва официјална, по неодамнешното преземање на функцијата министер за надворешни работи на Малта. Се дискутираше за изгледите за добивање позитивна одлука од ЕУ за нашето досие и беше изразена поддршка од нивна страна за конечно остварување на таа стратешка цел.

14.02.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега