Димитров се сретна со Чолош и Ќучук

Министерот за надворешни работни Никола Димитров се сретна со Дачијан Чолош, претседавач со политичката група „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент и Илхан Ќучук, известувач за Македонија и член на АФЕТ.

Како што соопштуваат од МНР, Димитров се заблагодарил за интензивната поддршка на Европскиот Парламент во изминатиот период во однос на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и добивањето на заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија.

 

Тој информирал за последните внатрешно-политички случувања во земјата, во пресрет на предвремените парламентарни избори и за последните остварени реформски активности. Ја истакнал важноста од позитивниот исход на мартовскиот состанок на Европскиот совет, не само за Македонија, туку и за целиот регион.

-Благодараност за посетата во овој клучен период со што се испраќа сигнал за поддршка за отворањето на пристапните преговори со ЕУ, препознавајќи го значењето на моментот како и се она што земјата го стори на патот кон ЕУ, истакна Димитров.

Претседателот Чолош на Димитров му ја презентирал усвоената политика на пратеничката група во ЕП „Обнова на Европа“ во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан. Соговорниците размениле мислења и околу можноста за вклученост на Регионот во рамки на Конференцијата „Иднината на Европа“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега