Димитров: Се остваруваат моите предупредувања, денеска загубивме можност во преговорите

Поранешниот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров во изјава за телевизија Сител вели дека денешниот договор постигнат помеѓу владите на Северна Македонија и Бугарија е проблематичен и не се работи за взаемен договор, туку земјава само го прифатила барањето на Бугарија, притоа не барајќи од Бугарија да покаже добра волја за прашања што нам ни се важни како што е маакедонскиот јазик во преговарачката рамка и преговори на Копенхашки критериуми.

- Едно од петте барања од страна на Бугарија беше да испратиме нота до ОН за употребата на краткото и долгото име, нешто што нема потреба да го направиме, таму личната карта е целосно утврдена. Обидот да се прикаже ова како взаемен компромис е лага, не може Бугарија нешто да прифати кога ние прифаќаме нивно барање. Мене ми е многу жал што моето предупредување од претходната недела се овистинува и станува јасно зошто беа тие хистерични напади затоа што сум ја зборувал вистината. Проблематичното овде е што се лаже дека е направен взаемен компромис, што се лаже дека нешто и другата страна прифатила кога ние сме прифатиле барање на Бугарија и второ ние сме прифатиле нивно барање, притоа не барајќи од Бугарија дда направи некаква отстапка и да покаже добра волја за прашања што ни се нам важни. Во преговори ова се нарекува салама тактика и ние во иднина веќе го немаме елементот на краткото и долгото да го користиме за прашањата што нам ни се посебно важни, како што е македонскиот јазик во преговарачката рамка и преговори на Копенхашки критериуми, а не на билатералните барања на Бугарија. Ако се суди денот по утрото, ако еднатаа страна прави отстапка, а другата страна стои во место тоа се разбира води кон лош договор, изјави Димитров.

18.01.2022 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега