Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

- „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор“, рекол Димитров на средбата, соопшти МНР.

Министерот имал средба и со Розмари А. Дикарло, потсекретар за политички прашања во ОН, на која, како што соопшти МНР, била реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.

 

 

 

23.05.2018 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега