Димитров: Османи напаѓа со дефокус, тој извади бугарска верзија на документот за „Илинденско преображение“

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров во гостувањето на „24 отворено“ кажа дека е време да се повторат македонските позиции.

Димитров вели дека не прифатил Илинденското востание да стане „Илинденско преображение“.

„Османи напаѓа со дефокус, вади бугарска верзија на документот. Во бугарската верзија е така како што викаат Бугарите, кај нас е Илинденско востание. За тој документ се разговарало кога немало вето и ког Бугарија ја поддржувала европската иднина на Македонија“, кажа Димитров.

29.06.2022 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега