Димитров: Нема подобра формула за успех на економијата од соработка меѓу бизнисот, државата и науката

 Пред нас се клучни години. Нема подобра формула за успех на македонската економија од заедничката работа и блиска соработка на бизнисот, државата и науката.

Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на покана на претседателот Бранко Азевски денеска како специјален гостин присуствуваше на Собранието на Стопанската комора на Македонија, со кое претседаваше Антони Пешев.

Како што соопшти МНР, Димитров информираше за можностите коишто се отвораат за бизнис секторот по постигнувањата на Владата во однос на реализацијата на стратешките цели.

– Изминатиов период се посветивме на создавање услови за прогрес на економијата, а со тоа и проспиретет на граѓаните. Капиталот што беше вложен во нашата надворешна политика е инвестиција за иднината на македонската економија. По членството на НАТО добивме предвидливост, можност за повеќе странски инвестиции и подобрување на кредитниот рејтинг, а отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе значи и интензивирање на соработката со претпријатијата на коишто им е потребна помош за добивање пари од европските фондови, рече Димитров.

На средбата стана збор и за можностите за создавање на ефикасен модел за поддршка на бизнисот од страна на дипломатијата, пред се’ во настапот на нови пазари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега