Димитров: Нема отстапување од битката за македонската суштина

Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ, напиша на својот фејсбук профил Никола Димитров, по низата реакции за интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување.

Ова е бесмртниот "вирус" на идеали против кој залудно се бара "вакцина".“ вели Димитров на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега