Димитров: Наследството од нашите Илинденци и Асномци се соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со цитат од Крушевскиот манифест на неговиот официјален фб профил го честита националниот праник 2 Август – Илинден со порака дека наследството што треба да го чествуваме од нашите Илинденци и Асномци се соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода.

-“Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат, да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!” 2-ри Август е ден на сите Македонци без оглед на нивната идеолошка или политичка припадност, но и на сите наши граѓанки и граѓани, без оглед на етничката или верската припадност. И токму тоа е наследството што треба да го чествуваме од нашите Илинденци и Асномци – соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода. Честит Илинден!, пишува на фејсбук статусот на вицепремиерот Димитров.

02.08.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа