Димитров на средба со Хакверди и Петри: Германскиот Бундестаг останува поддржувач на патот на Македонија кон ЕУ

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри. 

На средбата се дискутирало пред сѐ за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. Во таа прилика министерот Димитров се заблагодарил за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја, информираат од опрес службата на МНР.

Од страна на гостите, била поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега