Димитров на Конференцијата Ленарт Мери во Талин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во периодот од 17 до 19 мај, ќе учествува на годинешната Конференција Ленарт Мери, која се одржува во Талин, Естонија. На вториот ден од Конференцијата, Димитров, како главен говорник ќе се обрати на панел дискусијата „Дали малите ќе истраат? Балканот во струите на стратешките интереси.“ (Will the Small Endure?: Balkans in the drifts of strategic interests”). Конференцијата оваа година го носи насловот „Едно минато, многу иднини”, а ќе биде фокусирана на развојот на надворешната политика и безбедноста, како и на изборите што тие ги нудат.

За време на работната посета на Талин, министерот Димитров ќе се сретне со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и МНР на Естонија, Урмас Реинсалу, покрај останатите билатерални средби со повеќе министри и високи претставници на маргините на Конференцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега