Димитров- Куик: Голема благодарност за поддршката на Грција за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ

Денес и утре во работна посета на Република Македонија, престојува заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик, соопшти владината прес служба.

На средбата со МНР Димитров, беше изразено задоволство од нагорниот тренд со кој се развиваат односите и соработката, согласно начелата на Договорот од Преспа и интензивната билатерална комуникација меѓу двете земји. Заеднички беше констатирано дека историската посета на грчкиот претседател на Владата, Алексис Ципрас и потпишаните договори, означуваат значаен исчекор во конкретизирање на соработката, особено таа на економски план и преку-граничното поврзување.

Министерот Димитров ја пренесе благодарноста за поддршката од Грција за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, истакнувајќи дека со заедничка доверба и воља, може да се решат сите прашања кои ги засегаат двете држави.

Во рамките на посетата, заменик-министерот Куик беше примен и од претседателот на Владата,  Зоран Заев, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега