Димитров: Конечно ќе бидеме дел од најмоќната одбранбена алијанса во историјата (фото)

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров е дел од делегацијата која е во Лондон заедно со премиерот Заев на 70 годишнината на алијансата на НАТО од основање.

Оттаму тој се огласи на фејсбук и покажа дека знамето на Македонија е кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на самитот на НАТО.

 „Чувството кога цела сала ќе ве пречека со аплауз во знак на добредојде на Северна Македонија, идната 30та земја сојузник  Конечно, после многу години обиди, надеж и упорност; по Вилнус групата, САД-Јадранската повелба, неброени циклуси подготовки и извештаи; по оној кобен Самит на НАТО во Букурешт, кога го изгубивме компасот и влеговме во улогата на жртва ... конечно сме со земјите членки на масата. Меѓу пријатели и сојузници. Конечно ќе бидеме дел од најмоќната одбранбена алијанса во историјата, која обезбедува стабилност и безбедност за една милијарда луѓе, каде нападот врз една земја членка е напад врз сите (членот 5). Патот беше долг, но апсолутно беше неопходно да се издржи. За нашата татковина“ напиша Димитров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега